Гатузо откри зошто носи црн превез на окото: Читав дека умирам и дека имам уште еден месец живот!

Гледам двојно, тешко е да се бориш со тоа, само лудак како мене го може тоа - изјави тој во свој стил.

1,151

Тренерот на Наполи и легендата на Милан, Џенаро Гатузо, на последната прес-конференција откри дека 10 години се бори со потенцијално опасна болест, а образложи и зошто на последните два натпревара се појави со очила на коишто десната страна им беше затемнета.

– Имам мијастенија, болест со која што веќе 10 години се борам, а ова е трет пат да ме фати. Овојпат беше посилно, но ќе помине и окото ќе закрепне. Гледам двојно, тешко е да се бориш со тоа, само лудак како мене го може тоа – изјави тој во свој стил.






Инаку, станува збор за болест којашто може да варира од полесна до потешка здравствена состојба и симптоми, а животот е загрозен само во ретки случаи. Сепак, Гатузо таквото сценарио го отфрлил.

– Читав дека умирам, дека имам само уште еден месец живот… Без грижа, не умирам, жив сум – рече тој.

Поврзани содржини