Гатузо: Нема опуштање, рано е да се зборува за Скудетото
Наполи вчера ја победи Болоња со 1:0 и по седум кола се искачи на 3. место во поредокот во Серија А, со само два бода помалку од водечкиот Милан.
Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо побара од своите избраници да не размислуваат за шампионскиот трофеј.
Наполи вчера ја победи Болоња со 1:0 и по седум кола се искачи на 3. место во поредокот во Серија А, со само два бода помалку од водечкиот Милан.
– Не ми се допаѓаат разговори за Скудетото и сите тие кои сакаат да вршат психолошки притисок врз фудбалерите треба да ги избркаме од нашиот пат. Треба да сме смирени и фокусирани на секој наш следен предизвик. Имаме силен тим кој може да има проблеми, ако играме добро само за едно полувреме. Ова е тим на кој не смее да му се дозволи да се релаксира. Кога ќе добиеме опомена од ривалите, треба веднаш да реагираме – изјави Гатузо.