ГАТУЗО ЌЕ ГО ТРЕНИРА ПАНДЕВ? Газдите на Џенова градат силен тим

Ако Гатузо ја прифати понудата, тогаш тој ќе му биде тренер и на Горан Пандев, кој веќе седум години ги брани боите на клубот и наводно оваа сезона ќе му биде последна во кариерата. 

915

Сопствениците на италијанскиот прволигаш Џенова, каде што игра нашата фудбалска легенда Горан Пандев, размислува да го промени тренерот, а можно решение е легендата на Милан, Џенаро Гатузо.

Актуелниот тренер на Џенова, Давиде Балардини, не се снаоѓа баш најдобро на кормилото, па италијанските медиуми пишуваат дека следниот натпревар против Сасуоло би можел да му биде последен на клупата.






Новите сопственици на клубот не планираат Џенова секоја година да се бори за опстанок во првата лига, па за таа цел одлучиле довербата да му ја дадат на Џенаро Гатузо. Тие веќе оствариле контакт со Италијанецот и преговорите за негово ангажирање се во тек.

Ако Гатузо ја прифати понудата, тогаш тој ќе му биде тренер и на Горан Пандев, кој веќе седум години ги брани боите на клубот и наводно оваа сезона ќе му биде последна во кариерата.

Пандев и Гатузо добро се познаваат и во многу наврати биле противници на теренот – Гатузо во Милан, а Пандев во Лацио, Наполи и во Интер.

Поврзани содржини