ГАСТАРБАЈТЕРИТЕ ЌЕ СЕ ПАРКИРААТ ВО ШКОЛСКИ ДВОРОВИ Тетово се досети каде да ги смести вишокот возила

308

Општина Тетово од вторник 18 јуни дворовите на пет училишта ќе ги пренамени како паркиралишта, а образложението е дека се прави со цел да се намали сообраќајниот метеж поради доаѓањето на иселеници и зголемувањето на бројот на возила. Паркирањето таму ќе биде бесплатно.

– Ова ќе го олесни сообраќајот во текот на летото кога нашите иселеници доаѓаат на одмор и имаме поголема посетеност. Исто така, сакаме да апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, да не ги блокираат постројките на јавниот превоз и да го користат градскиот автобус за да се намали аерозагадувањето и да не се предизвикува сообраќаен хаос – информираат од Општина Тетово.






Како паркинг места ќе служат дворовите на основните училишта „Истикбал“, „Лирија“, „Гоце Делчев“, како и двата објекта на Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

 

Поврзани содржини