„ГАСПРОМ“ ОТКРИ НОВО НАФТЕНО ПОЛЕ Резервите се проценуваат на 55 милиони тони нафта

Компанијата планира дополнителни истражувања со цел попрецизно да се утврди обемот на резервите и, врз основа на тие податоци, да се создаде програма за развој и експлоатација на нови наоѓалишта

73

Руската нафтена компанија „Газпром“ откри ново поле со проценети резерви од 55 милиони тони нафта во арктичката зона на Јамало-Ненецкиот автономен округ (ЈНАО).

Како што објави компанијата, ова е најголемото откритие на Јамал во последните 30 години.






Локацијата е пронајдена во областа на Јужно-Новопортовскиот и Салетински блок во Јамалскиот регион.

Новото поле е именувано по рускиот научник и геолог Алексеј Конторович.

Компанијата планира дополнителни истражувања со цел попрецизно да се утврди обемот на резервите и, врз основа на тие податоци, да се создаде програма за развој и експлоатација на нови наоѓалишта, пишува „Комерсант“.

Во блиска иднина се планираат дополнителни истражувања со цел попрецизно да се утврди геолошката структура и производствениот потенцијал на наоѓалиштето.

Извршниот директор на „Газпромнефт“, Александар Дјуков, изјави дека ова откритие потврдува дека руската база на ресурси сè уште не е целосно истражена. Тој додаде дека новото наоѓалиште ќе придонесе за постигнување на целите на руската енергетска стратегија до 2050 година.

 

Поврзани содржини