ГАСПРОМ ГИ ГУБИ УДЕЛИТЕ ВО ЕВРОПСКИТЕ ФИРМИ Германија и Полска национализираа компании за снабдување со гас

„Гаспром“ ќе изгуби дел од контролата и во друга стратешка инфраструктура за снабдување со гас во Европа, гасоводот Јамал-Европа, чиј голем дел минува низ Полска.

55

Германија и Полска национализираа енергетски компании поврзани со руски „Гаспром“, со цел да ги спасат од банкрот и да обезбедат снабдување со гас.

„Гаспром“ ќе изгуби дел од контролата и во друга стратешка инфраструктура за снабдување со гас во Европа, гасоводот Јамал-Европа, чиј голем дел минува низ Полска.






Германската влада објави дека ја национализира германската филијала на руски „Гаспром“ со цел да ја спаси од банкрот презадолжената компанија со која управува од април.

Полска објави дека го става под државна контрола рускиот удел во компанијата „Еуропол гас“ која управува со гасоводот Јамал на полска територија.

Владата во Полска соопшти дека ова преземање е  за да се избегне парализа при одлучувањето во таа компанија и да се обезбеди безбедност на критичната инфраструктура наменета за транспорт на гас.

„Гаспром“ поседуваше 48 отсто од таа компанија, а полската држава 52 отсто.

Поврзани содржини