ГАСОВОДОТ КОЈ ЌЕ НЀ ОДМИНЕ Почна изградбата на цевката Ниш – Софија – Атина
Се очекува гасоводот Ниш-Димитровград-Софија да ги зголеми капацитети на Србија за дополнителни 80 отсто, а две третини од парите веќе се обезбедени како неповратни средства од Европската Унија. Во меѓувреме, Македонија чека за гас, а тој може да дојде преку Петрич-Струмица или преку два нови интерконектори во Крива Паланка и во Неготино со Грција.
Децениски стар проект меѓу Бугарија и Србија за гасно поврзување кој ќе ја одмине Македонија, а ќе влече гас од Атина, само што беше започнат на почетокот на месец феверуари. Интерконекторот Ниш-Димитровград-Софија ќе овозможи 1,8 милијарди кубни метри гас за нашиот источен и северен сосед преку цевка со пречник од 70 сантиметри долга над 170 километри.
Ако сѐ оди по планот, градбата ќе заврши до крајот на 2023 година. Две третини од средствата , 49,6 милиони евра ги обезбедува Европската Унија како неповратна помош, а 25 милиони евра се обезбедни преку кредит од Европската инвестициска банка кој Србија ќе го плаќа за делот кој минува на нејзината територија. Се очекува гасоводот да ги зголеми капацитети на Србија за дополнителни 80 отсто. Договорот бил првпат потпишан во 2010 година, но дури сега се реализира.
На отпочнувањето на работите присуствуваа српската премиерка Ана Брнабиќ и бугарскиот министер за енергетика Александар Николов како и други официјални лица.
The construction of a natural gas interconnection between Serbia and Bulgaria started on Feb. 1 in the section linking Serbian’s southern city of Nis and the town of Dimitrovgrad on the border with Bulgaria, which is slated for completion in October 2023. https://t.co/3uuEDMWdxo pic.twitter.com/LaTzFViodK
— Beta Briefing (@BetaBriefing) February 1, 2022
Македонија веројатно ќе почека за гас, а тој можеби прво ќе дојде преку Петрич. Бугарската асоцијација за гас уште во декември даде предлог за поврзување меѓу Струмица и Петрич, односно понатамошна врска со цела Македонија. Ова вчера го потврдија министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.
– Поврзување на Струмица на интерконекторот со гас кај Петрич, Република Бугарија, е еден од приоритетите на кој разговараме на работните групи со колегите од Бугарија. На ова прашање ќе му дадеме посебно значење и во следниот период ќе ги утврдиме сите детали за овој проект – истакна Бочварски при денешната работка посета на општина Струмица и додаде:
– Тоа ќе овоможи поевтин гас за општината која има развиено мрежа од околу 40 километри, но и за целата индустрија во градот.
Бочварски рече и дека се работи и на проектната документација за приклучување на интерконекторот за гас со Грција кај Неготино и според него се прави се да се влезе што побргу во реализација на овој проект со цел државата да добие уште еден приклучок на гас, покрај едниот кој го има преку источната страна од кај Крива Паланка.