ГАСОТ ОД АЗЕРБЕЈЏАН ЌЕ СТИГНЕ ВО МАКЕДОНИЈА Ковачевски оствари средба со министерот Џејхун Бајрамов
На состанокот премиерот Ковачевски истакна дека со интерконекторот за гасно поврзување со Грција, Северна Македонија ќе се поврзе со транс јадранскиот гасовод и на тој начин гасот од Азербејџан ќе стигне и на нашиот пазар. За Владата на Република Северна Македонија, изградбата на национален гасоводен систем и неговото поврзување со регионалните гасоводни системи е приоритет, потенцирал премиерот.
На состанокот беше дискутирано и дека ЕУ се насочува кон сигурни снабдувачи на енергија, а Азербејџан е еден од нив, преку проширување на Јужниот гасен коридор со удвојување на испораките на гас од Азербејџан во ЕУ.