Гасол откри каде сака да ја заврши кариерата

Последен клуб на Гасол беше Милвоки, а претходно играше за Сан Антонио, Чикаго, ЛА Лејкерс, Мемфис и Барселона.

373

Шпанскиот центар Пау Гасол има желба кариерата да ја заврши во Лејкерс или во родниот град Барселона.

– Ако сè е во ред со ногата, јас имам намера да одиграм уште една сезона или во НБА или во Европа. Последната сезона на Лејкерс или крајот на кариерата во Барселона звучи привлечно, но треба да ги погледнете реалните можности и каква состојба ќе биде најдобра за тековните околности – изјави Гасол.






– Јас се чувствувам добро. Имав повеќе време да закрепнам. Кога ќе започнам да трчам и да скокам, ќе имам многу повеќе информации за тоа дали можам да играм повторно на професионално ниво – додава шпанскиот кошаркар.

Последен клуб на Гасол беше Милвоки, а претходно играше за Сан Антонио, Чикаго, ЛА Лејкерс, Мемфис и Барселона.

Поврзани содржини