Гаши се заканува со бојкот на избори и блокади во Собранието

526

Ако нема употреба на фингерпринт ќе размислуваме за бојкот на изборите, а ако не се усвои законот за државјанство ќе ги блокираме сите закони што ќе стигнуваат во Собранието, најавува лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, во разговор за ДВ.

– Ние не би сакале ниеден граѓанин да страда, но тоа е одговорност на мнозинството – ако Владата не го прифаќа нашиот предлог, а ВМРО-ДПМНЕ го блокира, мнозинството е виновно. Ако сакаат да го решат проблемот нема да го ставаат под тепих, како да не постои. Го спомнуваат само тоа дека бараме да се добие државјанство со изјави од три лица, сведоци. Ние сме подготвени да разговараме и за други решенија, со цел на тие што им следува државјанство – конечно да го добијат – вели Гаши.






Алтернатива и нејзиниот коалициски партнер Алијанса за Албанците во јануари ја промовираа националната платформа „shtetesia.mk” (државјанство), преку која сите граѓани, без разлика на етничката припадност, ќе можат да го претстават нивниот проблем за добивање државјанство. Претходно, двете коалициски партии до Собранието поднесоа предлог-закон за државјанство, кој, според нив, треба да ги подобри процедурите поврзани со тоа прашање, односно да го подобри актуелното законско решние.

 

Поврзани содржини