Гаши: Се борам за нов систем на вредности со квалитет на западните држави
Посочи дека како што тој гласал, според протоколите, убеден е дека и сите гласачи ќе можат без ризик да излезат на гласање.
Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши го оствари своето право на глас во избирачкото место 2506, во населбата Ченто во Скопје.
– Јас денес го искористив моето право за гласање, но веќе шест години како интелектуално човечко суштество се борам за еден нов систем на вредности кој е многу квалитетен во западните држави и мислиме дека цивилизациските текови треба да достигнат и кај нас. Сакам да ги охрабрам сите гласачи денес да го искористат своето право на глас да излезат на гласање – изјави Гаши.
Посочи дека како што тој гласал, според протоколите, убеден е дека и сите гласачи ќе можат без ризик да излезат на гласање.
– Ризикот за инфицирање од ковид при гласање е сведен скоро на нула и затоа мислам дека е многу битно гласачите да излезат и одлучат. Овој ден е нивен и тие треба да одлучат кој ќе ја води државата во следните четири години – додаде Гаши.