САМО ГАШИ ПРОГОВОРИ ПО СРЕДБАТА СО ЗАЕВ Имаме напредок ВИДЕО
Се очекува до крајот на оваа недела да се остварат потребните консултации низ партиите и да се обезбеди потребното усогласување со цел постигнување договор за можна заедничка влада која ќе се посвети на предизвиците кои доаѓаат од пандемијата и глобалната енергетска криза и која без заддршка ќе ги остварува зацртаните стратешки цели на РС Македонија, се наведува во соопштението од владината конференција за печат.
Можеме да ви кажеме дека имаме напрадок, следуваат консултации во нашите партии, изјави вечерва лидерот на Алтернатива Африм Гаши по средбата со премиерот Зоран Заев.
Четиричасовната средба на Гаши и Заев, што се одржа во Клубот на пратениците, беше продолжение на преговорите за вклучување на Алтернатива во Владата и парламентарното мнозинство.
На средбата на премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши е констатиран евидентен напредок во усогласувањето на ставовите околу дополнувањето на содржинскиот дел на програмата на Владата, а разменети се и идеи и видувања од двете страни за споделување на одговорностите на највисоко ниво во институциите на централната власт, информираа и од Владата во соопштение за денешната четиричасовна средба на Заев и Гаши што се одржа во Клубот на пратениците.
Разговорите, како што се наведува во соопштението, продолжуваат водени од аспирациите за европската агенда на државата и од потребата за испраќање јасни пораки кон граѓаните и кон ЕУ за посветеноста во европеизирањето на Северна Македонија, за унапредувањето на економскиот стандард и квалитетот на живот на граѓаните.
„Се очекува до крајот на оваа недела да се остварат потребните консултации низ партиите и да се обезбеди потребното усогласување со цел постигнување договор за можна заедничка влада која ќе се посвети на предизвиците кои доаѓаат од пандемијата и глобалната енергетска криза и која без заддршка ќе ги остварува зацртаните стратешки цели на РС Македонија“, се наведува во соопштението од владината конференција за печат.
Според неофицијални информации, Алтернатива бара три министерски и едно вицепремиерско место. „Копјата“ најмногу се кршат околу барањето на Гаши во фотелјата на министерот за здравство да седне кадар од Алтернатива.