Гаши и Села ќе го бојкотиpaaт Собранието?

Ако во наредните денови работите не се променат во корист на Албанците, јас ќе им предложам на раководствата и на претседателите на коалицијата 'Сега е време‘ да ја бојкотираат работата на Собранието на Република Северна Македонија и со тоа да им стават до знаење на сите внатре и надвор од земјата дека не може да се поигрува албанското политичко достоинство, напиша на Фејсбук генералниот секретар на Алтернатива.

1,630

Генералниот секретар на Алтернатива, Скендер Реџепи, на својот профил на Фејсбук, им предложил на пратениците на коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива да ја бојкотираат работата на Собранието.

„Ако во наредните денови работите не се променат во корист на Албанците, јас ќе им предложам на раководствата и на претседателите на коалицијата ‘Сега е време‘ да ја бојкотираат работата на Собранието на Република Северна Македонија и со тоа да им стават до знаење на сите внатре и надвор од земјата дека не може да се поигрува албанското политичко достоинство“, напиша Реџепи.






Идејата на Реџепи ја поддржа Арбен Таравари од Алијанса за Албанците кој вели дека станува збор за логично решение.

– Идејата на Реџепи е една од можните опции и тоа е многу логична идеја – истакна Таравари.

Поврзани содржини