САЛИ ГО ДАВА, ЗДРАВСТВО НЕ ГО ДАВА Гаши стокмил и алтернатива за него

1,439

Постои подготвеност кај претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, за компромис за Министерството за здравство, но  тоа во никој случај не подразбира отстапување на ресорот здравство, дознава Плусинфо од високи извори на Алтернатива.

Доколку премиерот Димитар Ковачевски навистина не е задоволен од работата на актуелниот министер за здравство Беким Сали, тогаш Алтернатива би можела да се согласи на евентуална негова смена.






Во случај да се дојде до таква точка во разговорите меѓу Ковачевски и Гаши, тогаш на местото на Сали, лидерот на Алтернатива пред раководството ќе го предложи пратеникот и професор на Медицинскиот факултет во Тетово, д-р Хусни Исмаили како решение кое е подобро од сите потенцијални кандидати на Алијанса за Албанците за министер за здравство, брифираат од Алтератива.

Денеска лидерот на Алијанса, Арбен Таравари, имаше средба со премиерот, по која е јасно дека огромни се шанските за влегување на Алијанса во Владата. За кадровските решенија лидерите на двете партии ќе разговараат во текот на следните неколку дена.

Поврзани содржини