„ГАС ТЕРА“ ОДБИ ДА ПЛАТИ ВО РУБЉИ „Газпром“ прекина испорака на гас на холандската компанија
– Одлуката нема да има никакви последици на испораката на гас во холандските домаќинства – објави холандскиот министер за енергетика Роб Јетен на Твитер.
Во соопштението на „Гас Тера“ се наведува дека холандската компанија одлучила да не ги прифати руските услови, вклучително и отворање сметка за плаќање во евра, кои потоа ќе се заменат за рубљи.
„Газпром“ најави дека прекинот на испораките на гас на „Гас Тера“ ќе продолжи се додека исплатата не се изврши на начин што го предлага Русија.