ГАНИУ ЌЕ ЈА ТУЖИ ДАНЕЛА ПОРАДИ КЛЕВЕТА Општина Чаир била на шесто место по број на дивоградби, а не на прво

Според Ганиу, фокусот врз Чаир од страна на Арсовска бил политички мотивиран. Тој оцени дека другите општини со поголем број дивоградби не биле споменати од страна на градоначалничката на Скопје.

2,506

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска изјави дека не се точни наводите на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во врска со постоење на 150 дивоградби на територијата на општината, како и тврдењата дека тие се изградени на државно земјиште.

Ганиу рече дека адвокатски тим веќе работи на поднесување тужба против Арсовска за, како што наведе, изнесување невистини и клевети.






Тој реагираше на изјавите на градоначалничката, која во изминатите два месеца јавно посочуваше на дивоградби во Чаир и повикуваше на апсење на Ганиу.

– Чаир има површина од околу три квадратни километри, каде речиси сè е приватна сопственост. Тврдењата дека објектите се на државно земјиште се неточни. Нема 150 згради како што се тврди, ниту пак има темели за 50 нови – изјави Ганиу.

Тој потсети дека, според податоците од 2005 година, во општината постоеле околу 13.000 дивоградби, што, како што рече, е состојба која општинската администрација ја наследила.

Дополнително, посочи дека во текот на дискусиите во ЗЕЛС, било наведено дека во цела држава по 2011 година се изградени околу 130.000 дивоградби, што ја позиционира Чаир под дваесеттото место на национално ниво и на шесто место меѓу скопските општини.

Според Ганиу, фокусот врз Чаир од страна на Арсовска бил политички мотивиран. Тој оцени дека другите општини со поголем број дивоградби не биле споменати од страна на градоначалничката на Скопје.

Општина Чаир, како што тврди Ганиу, не е исклучок кога станува збор за нелегалната градба, и додаде дека се користат лажни наративи за негово дискредитирање.

Поврзани содржини