Ганиу: Апелирам да ги почитувате мерките, ризикот е сè уште голем
Ганиу сепак истакна дека лично би побарал нови мерки за општината, но чека да ги чуе ставовите на владиниот Кризен штаб.
Бидејќи ризикот е сè уште голем апел за почитување на мерките упати Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, поради тоа што голем дел од новозаразените со ковид-19 се жители на оваа општина
– Свесен сум за потрошеното трпение и желбата за враќање во нормала, но сепак ризикот сè уште постои и можноста за заразување е сè уште доста голема. Затоа, да бидеме добар пример на оваа состојба, а не спротивното. И понатаму да се придржиме кон неопходните мерки до целосно елиминирање на вирусот и завршување на оваа состојба – рече Ганиу.
Тој порача да се држи социјално растојание, да се употребуваат заштитни средства, да се врши дезинфекција на рацете, но Ганиу сепак истакна дека лично би побарал нови мерки за општината, но чека да ги чуе ставовите на владиниот Кризен штаб.
Ганиу оцени дека локалната власт и институциите досега постигнале менаџирање на ситуацијата, а тука ги наведе повиците за седење дома и дезинфекцијата на улиците.