GAMING BOOSTER – ПРВ ГЕЈМИНГ ПРОДУКТ НА ПАЗАРОТ Македонски Телеком ќе им овозможи на гејмерите неповторливо гејминг искуство

Светот на е-спортот е новата арена на собирање на младата популација. Исто како во традиционалните спортови, е-спортот има потреба од своја инфраструктура и еко-систем, и тоа е еден од главните мотиватори за склучување на партнерство помеѓу Македонски Телеком и Македонската Еспорт Федерација.

187

Македонски Телеком за прв пат на пазарот воведе Gaming Boosters, нов продукт за неповторливо гејминг искуство на најдобрата оптичка мрежа. Создаден во соработка со гејмери, Gaming booster пакетот овозможува: супериорна брзина, минимална латенција (ping&lag), исклучителна стабилност т.е. минимален jitter и ѕticky IP адреса за непрекината сесија.

– За да им излеземе во пресрет на гејмерите за потребата од супер брз интернет со најдобри перформанси, размислувавме неконвенционално и создадовме иновативно решение. Отидовме и чекор понатаму: со едноставна, брза и целосно дигитална активација на продуктот преку апликацијата TelekomMK, гејмерите го добиваат најдоброто гејмерско искуство веднаш – истакна Даниела Кржовска, раководител на Продукт маркетинг во Телеком.






Светот на е-спортот е новата арена на собирање на младата популација. Исто како во традиционалните спортови, е-спортот има потреба од своја инфраструктура и еко-систем, и тоа е еден од главните мотиватори за склучување на партнерство помеѓу Македонски Телеком и Македонската Еспорт Федерација.

– Среќни сме поради ова партнерство, затоа што е од огромно значење за федерацијата и за играчите. Конечно, можеме да оствариме сериозен напредок и да создадеме оптимални услови за натпреварување во Македонија, како и да ги испратиме нашите репрезентации на интернационалните натпреварувања со реална шанса за остварување врвни резултати – рече Бобан Тотовски, претседател на Македонската Еспорт Федерација.

Е-спортот е најбрзо растечка дисциплина во светски рамки, но и кај нас, која создава нова група корисници коишто се секогаш во потрага по побрз и постабилен интернет. Македонски Телеком ги поддржува сите е-спорт ентузијасти и продолжува да работи на иновативни и технолошки супериорни решенија за корисниците.

Поврзани содржини