Галетановски: Попова јавно да ми се извини, во спротивно ќе ја тужам

986

Директор на скопска зоолошка Ѓорѓи Галетановски побара од советничката од ВМРО-ДПМНЕ Ирена Попова во рок од 24 часа јавно да му се извини и да ја повлече изјавата, во спротивно тој најави дека ќе ја тужи за нарушен углед и изнесени лаги и клевети.

– Барам јавно извинување и повлекување на изјавата од советничката Ирена Попова која изнесе невистини за мене. Ниту сум бил таму, ниту ме претресле, ниту пак МВР нешто крие. Со оваа опомена пред тужба, сакам да помогнам во борбата против лажни вести и клевети кои одредени поединци ги шират за институции, граѓани и одговорни лица – изјави Галетановски.






Тој опомената пред тужба до советнчката ја испраќа поради изјавата во која таа iзнела невстни. Попова нa прес конференцја праша:

– Дали во присуство на директорот на ЈП „Улици и Патишта“ бил и директорот на скопската зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски Чомбе? Каква е улогата на Чомбе и дали и тој бил претресен за поседување дрога? Што уште треба да се случи Шилегов да поднесе оставка, кога двајца негови директори се вмешани во огромен скандал? Дали е вршено притисок врз полицијата да се преиначи делото од продажба на наркотици во поседување наркотици за лична употреба? Дали МВР се замолчува под налетот на партиските јурушници на Заев? Зошто институциите се ставаат во заштита на криминалци, но и зошто се ставаат во раце на криминалци?

Според Галетановски, со вака изнесените лаги пред целокупната македонската јавност, покрај тоа што советничката Ирена Попова директно нападнала државна институција надлежна за безбедноста на граѓаните, исто така нанела навреда и клевета, како и ненадоместлива штета на неговиот чест и углед.

 

 

 

 

 

 

Поврзани содржини