(ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО) ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО Свиперот ги исчисти тешко достапните места на улиците

Додека поголемите машини ги чистеа главните улици, возилото Грин Машинс на БРАКО го чистеше снегот од пешачките зони, тротоарите и потешко достапните места на улиците.

907

Возилото на БРАКО изминатите денови го чистеше снегот во Неготино заедно со другата градска механизација и „јуначки се носеше со своите поголеми браќа од возниот парк на неготински Комуналец, во услови кога градот беше покриен со снег“, велат од компанијата во соопштение до јавноста.

Додека поголемите машини ги чистеа главните улици, возилото Грин Машинс на БРАКО го чистеше снегот од пешачките зони, тротоарите и потешко достапните места на улиците.






„Моделот ГМ636 кој го избра Неготино има продолжеток за плуг за снег, и додека во нормални временски услови работи како метларка и одржува хигиена на улиците на градот, во зимски услови се претвора во чистач на снег“, објаснуваат од компанијата.

– Машината на БРАКО многу ни помогна и многу сме задоволни – изјави директорот на ЈП Комуналец-Неготино, Митко Ѓорѓиев, контактиран од Службата за корпоративни комуникации на БРАКО.

Компанијата истакнува дека градот Неготино купил возило Грин Машинс во март 2024 година.

„И додека во текот на целата година свиперот одлично ги чистеше градските улици, ова е првпат целосно да се искористи неговиот потенцијал и да се ангажира и во услови на снег“, се вели со соопштението.

 

Поврзани содржини