Летото кај многумина буди мотив и инспирација за што подобар изглед. Нека не ве спречуваат високите температури да го дадете најдоброто кога е вашиот изглед во прашање.
Fashion Group продолжува со изненадувањата и фантастичната летна понуда. Овој пат, мажи, вниманието e насочено кон вас.
Во Dan John ќе најдете сѐ што еден модерен маж треба да го има оваа сезона и тоа буквално за секоја пригода на неодоливо намалување до -50% на колекцијата пролет-лето ’23. Од стилски парчиња облека до модни додатоци со кои ќе ја заокружите вашата комбинација – имате сѐ на едно место и многу повеќе!
И верувајте, дефинитивно ќе ви се допадне она што го гледате!
Ако планирате одмор и сакате да се подновите со ново парче, направете спој по ваша мерка на одличните бермуди и маиците во полежерен или покласичен крој. Сакате принтови? Не е проблем, кошулите со летни дезени и текстура нема да поминат незабележано!
Од друга страна, ако ве очекува некоја свеченост и барате совршен формален стил, погледнете ги новите летни костими. Италијанска елеганција со која не можете да згрешите.
Ако работниот стил ви наметнува класичен изглед, понудата на кошули е голема и со сигурност ќе најдете нешто по ваш вкус.
Секако, ниту еден изглед не е комплетен без добри чевли, па без проблем одберете мокасини, еспадрили или пак класични чевли во согласност со комбинацијата. Нека италијанската естетика доминира со секој направен чекор.
– Ве чекаме во продавницата во Ист гејт зааедно да ја погледнеме новата шик колекција и сите оние парчиња на одлично намалување. А ако сте веќе на одмор или не ви се излегува од дома поради високите температури, секогаш сме достапни онлајн на www.fashiongroup.com.mk –велат од Фешн груп и порачуваат: Мажи, сега е време да го привлечете вниманието со својот стил!