(ГАЛЕРИЈА) ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ УШТЕ НЕ СЕ ПОЗНАТИ Сопствениците на „Тила“ објавија фотки од опожарената конфекција
Сакаме да Ве информираме дека нашите продажни места и понатаму ќе продолжат со работа, а благодарение на нашите пријатели и нивната подршка производниот процес ќе го продолжиме во најбрз можен рок, велат сопствениците на Тила.
Сопствениците на конфекцијата за чевли „Тила“ во Прилеп на Фејсбук објавија фотографии од внатрешноста на објектот кој 12 часа се бореше со пламените јазици. Тие пишуваат дека уште не се знае причината за пожарот.
„Причините за пожарот за жал сè уште не се познати и се чека од страна на надлежните органи на утврдување на истите како и на процена на направената штета. Во моментот на избивањето на пожарот фабриката не работеше и нема повредени“, пишуваат тие.
„За оние кои не знаат брендот Тила е дело и креација на две сестри кои со помош на нивната семејна компанија конфекција Хатра во Прилеп започнуваат со креирање и менаџирање на компанијата уште во своите рани 20ти години!“
„Брендот Тила го градиме веќе 15 години и со години беше и е единствен македонски бренд на детска облека кој функционира професионално од типот на дизајнерските брендови. Создаден е со премногу љубов, преголем труд и чесна и макотрпна работа. Тоа што ни се случи е премногу болно и тешко за нас бидејќи е вложен многугодишен труд и средства за да изградиме современа фабрика и висок стандард на квалитет на нашиот бренд со кој ќе се гордеат сите Македонци.
Сакаме да Ве информираме дека нашите продажни места и понатаму ќе продолжат со работа, а благодарение на нашите пријатели и нивната подршка производниот процес ќе го продолжиме во најбрз можен рок.
Воедно Ви се заблагодаруваме за Вашата безрезервна поддршка која ни ја дававте и во изминатите години, а која сега ќе ни значи најмногу од сè. Тила живее преку Вашите најмили и се надеваме така и ќе продолжи и во иднина!“, се вели во објавата на Фејсбук.
БОРБАТА СО ПОЖАРОТ ТРАЕШЕ ЦЕЛИ 12 ЧАСА Згасна пламенот во прилепската конфекција „Тила“