(ГАЛЕРИЈА) ПОЧНАВ ДА ИГРАМ ТЕНИС ПОРАДИ ЃОКОВИЌ! Алкараз откри дека српскиот тенисер му бил инспирација
Ми се оствари сонот. Прекрасно е да се освои овој турнир. Горд сум на себе и мојот тим – рече шпанскиот тенисер.
Шпанецот Карлос Алкараз уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите тенисери во моментов, откако во финалето на Вимблдон славеше против Новак Ѓоковиќ.
Алкараз по мечот изјави дека е среќен поради триумфот во финалето на Вимблдон и имаше само пофални зборови за противникот.
– Ми се оствари сонот. Прекрасно е да се освои овој турнир. Горд сум на себе и мојот тим. Морам да му честитам на Ѓоковиќ. Неверојатно е да се игра против него. Тој е беше инспирација. Почнав да играм тенис поради него – кажа Алкараз.
Алкараз е победник на годинашното издание на гренслем турнирот Вимблдон откако во финалето во Лондон во маратонски меч во пет сета (1:6, 7:6, 6:1, 3:6, 6:4) го победи Ѓоковиќ. Тоа е прва негова титула на престижниот Вимблдон, вкупно втор гренслем трофеј во кариерата.
20-годишното момче успеа да го надигра искусниот Ѓоковиќ, покажувајќи дека пред него е неверојатно светла иднина, а за неговиот квалитет доволно говори фактот дека веќе е прв светски рекет.



Фотографии: Официјална Фејсбук-страница на Тенискиот турнир Вимблдон