ГАЛЕРИЈА од протестот пред Владата: „Татко ми не е терорист“, „Слобода за браќата““, „Оставки“ ВИДЕО
Според огранизаторите на протестот, обвиненијата за тероризам се политички монтирани, а Врховниот суд треба да го поништи судењето и да има ново, бидејќи имало лажни сведоци.
„Никогаш Северна само Македонија“, „Нека разберат клетите душмани“, „Море сокол пие“ „Демократска Македонија“, „Слобода за браќата“, со патриотски песни, скандирање и транспаренти голем број граѓани денеска пред Владата и пред Собранието побараа слобода за осудени за настаните на 27 април. Тие бараа и оставка од Владата.
Според огранизаторите на протестот, обвиненијата за тероризам се политички монтирани, а Врховниот суд треба да го поништи судењето и да има ново, бидејќи имало лажни сведоци.
Оперскиот пејач Игор Дурловски, еден од обвинетите за настаните на 27 април, кој подоцна беше ослободен, ја испеа македонската химна заедно со пејачката Андријана Јаневска.