(ГАЛЕРИЈА) НОВОГОДИШЕН ПРИЕМ ВО СДСМ БЕЗ ОТПИШАНИТЕ Покрај „квислинзите“ и „бранковистите“, боде очи отсуството и на други видни членови на СДСМ
Централен лик од гостите од пријателските партии е Љупчо Балковски од партијата на Љубчо Георгиевски.
„Празничен новогодишен коктел на СДСМ и дружба во пријатна атмосфера. Со единство, нова сила и нова енергија започнува новата година за социјалдемократското семејство. Заедничката борба за правда, демократија и економски напредок продолжува!“
Со овие зборови СДСМ вчера објави галерија со фотографии од новогодишниот прием со членството и со гостите. На објавените 40 фотографии на профилот на партијата на Фејсбук може да се види кои ликови се присутни а кои недостасуваат.
Како што може да се види, на фотографиите недостасуваат ликови како што се актуелните пратенички, Сања Лукаревска и екс министерките за одбрана и култура, Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска Стојчевска.
Ја нема ниту професорката Ана Чупеска која го води Советодавниот совет на СДСМ, ниту Петре Шилегов. Присутни се многу ликови кои не се познати во јавноста.
Се чини дека централен лик од гостите од пријателските партии е Љупчо Балковски од партијата на Љубчо Георгиевски, кого го има на неколку фотографии.