(ГАЛЕРИЈА) АРМИЈАТА СЕ СПРАВУВА СО ПОЖАРОТ ВО НЕГОТИНСКО Хеликоптерите исфрлија 44 тони вода

Двата хеликоптери од составот на воздухопловниот ВИНГ во претпладневниот период интервенираа со 22 ведра и исфрлено 44 тони вода на локациите на кои се побаруваше.

207

Припадниците на Армијата кои од утринава се вклучија во гаснењето на пожарите во неготинскиот регион во координација со сите инволвирани субјекти во моментот интервенираат на посочените критични точки на многу тешко пристапен терен на планината Серта со цел локализирање на пожарот и негово ставање под контрола.

Двата хеликоптери од составот на воздухопловниот ВИНГ во претпладневниот период интервенираа со 22 ведра и исфрлено 44 тони вода на локациите на кои се побаруваше.






 

Поврзани содржини