Гала оперски концерт на фестивалот „Есенски музички свечености“ 

360

Во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“, вечер од 20 часот во Националната опера и балет ќе се одржи гала оперски концерт во режија на Дејан Прошев и под диригентство на Иван Еминовиќ.

Ќе настапат оперските солисти: Марјан Николовски, Марјан Јованоски, Елена Голомеова, Драган Ампов, Ристе Велков, Билјана Јосифов, Десанка Глигоријевиќ, Наде Талевска Спасовска, Ирена Кавкалевска, Зоран Сотиров и хорот и оркестарот на НОБ.






Концертот ќе се одржи според здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19 при  одржување јавни настани, а за публиката влезот ќе биде отворен еден час пред почетокот.

Поврзани содржини