„ГАЈЛЕ МУ Е НА ФИЛИПЧЕ ЗА ОНКОЛОГИЈА“ Важно му е само да течат бизнисите со Заев, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Филипче не чувствува одговорност што илјадници граѓани директно или индиректно беа засегнати со случајот Онкологија и ги изгубија своите блиски и трпеа штети, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

222

Додека Венко Филипче очајно бара начин како да се факторизира на политичката сцена и како да се етаблира како претседател на партија, отворено призна дека не му е грижа за граѓаните и не чувствува одговорност за Онкологија, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Венко Филипче не се грижи што беше најлошиот министер за здравство. Филипче не се грижи што додека бил министер за здравство, оштетен е Буџетот на државата преку измама, од над 2,2 милијарди денари или над 35 милиони евра. На Филипче не му е грижа што онколошката терапија не се давала на пациенти, дека се крадела, па дури и завршувала на црниот пазар во Косово. Филипче не чувствува одговорност што илјадници граѓани директно или индиректно беа засегнати со случајот Онкологија и ги изгубија своите блиски и трпеа штети. На Филипче не му е грижа и не чувствува одговорност што дозволи здравствениот систем да се распадне. Филипче не чувствува одговорност што поради него и СДСМ се случи крах на македонското здравство, кој доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и егзодус на лекарите. На Филипче му е важно единствено како да се факторизира на политичката сцена, за повторно да местат тендери во четири очи, да течат провизии, и да прават зделки со Заев. Филипче и СДСМ треба да знаат дека граѓаните повеќе нема да дозволат да бидат жртви на валканите игри кои со години го уништуваа здравствениот систем. СДСМ е синоним за корупција криминал и предавства“, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини