600 МИЛИЈАРДИ ЌЕ ЗАСТАНАТ НА ПАТОТ НА СВИЛАТА Г7 ќе градат патишта во сиромашните земји
Има една разлика во проектите на Кина и на Западот. Кинезите тоа го прават преку државаната иницијатива БРИ, додека планот на Г7 ќе зависи од приватните инвеститори и нивната желба да вложуваат. Според американските власти, сепак, тоа е добра работа.
Со 600 милијарди долари најбогатите седум земји во светот ќе пробаат да ѝ застанат на Кина на „Појас и пат“. Тоа е името на кинеската иницијативата за градење на инфраструктурни проекти во сиромашните земји на која Западот ќе треба да ѝ парира во третиот свет, Африка, Азија и Источна Европа.
Претседателот Бајден на самитот Г7 потврди дека 200 милијарди на масата ќе донесат САД, додека остатокот ќе го покријат другите земји во иницијативата, пишува Франс24.
– Финансирањето на видовите проекти со кои Кина моментално доминира – сè, од патишта до пристаништа во далечните делови на светот – не е „помош или добротворна организација“ – рече Бајден.
Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го повтори ова, велејќи дека „наше е да му дадеме позитивен, моќен инвестициски импулс на светот, да им покажеме на нашите партнери во земјите во развој дека имаат избор“.
Приватно, наспроти државно финансирање
Иако Кина не беше спомната по име, ривалството на Западот се Кина се наѕираше во текот на презентацијата на лидерите од Г7.
Има една разлика во проектите на Кина и на Западот. Кинезите тоа го прават преку државаната иницијатива БРИ, додека планот на Г7 ќе зависи од приватните инвеститори и нивната желба да вложуваат. Според американските власти, сепак, тоа е добра работа.
Во ова капиталистичко наспроти комунистичко сценарио, велат американските власти, земјите-приматели ќе можат да ги избегнат должничките замки и другите тактики кои наводно ги користат Кинезите.
Не е доцна, но САД се позади Кина
Од сега па до 2027 година, американската влада и сојузниците ќе се обидат да лобираат за цифра од 600 милијарди долари „преку грантови, федерално финансирање и искористување на инвестициите во приватниот сектор“, соопшти Белата куќа.
„Ова ќе биде само почеток: Соединетите Држави и нивните партнери од Г7, исто така, ќе се обидат да мобилизираат стотици милијарди дополнителен капитал од други партнери со истомисленици, мултилатерални развојни банки, развојни финансиски институции, суверени богати фондови и многу повеќе“, се додава во написот.
И покрај убавите идеи, висок американски функционер призна дека Западот моментално е на второто место зад Кина.
„Нема сомнеж дека Иницијативата „Појас и пат“ постои веќе неколку години и има направено многу готовински исплати и инвестиции – и дека доаѓаме до ова по години на нивните инвестиции“, рече претставникот.
„Но, би рекол дека дефинитивно не е доцна. А не сум ни сигурен дека е доцна“.
Ќе се гради и во Источна Европа
Службеникот, кој ги брифираше новинарите под услов да остане анонимен, рече дека „многу земји“ кои соработуваа со Кина страдаат од каење на купувачот, заклучувајќи дека Пекинг е повеќе заинтересиран за воспоставување на економски и геостратешки основи отколку проектоите да му користат на локалното население.
– Спротивно на тоа, „доаѓаме кај вас со понуда да инвестираме за навистина да ја подобриме вашата земја, да ја подобриме економијата и да имаме трајни ефекти врз БДП и вашето население – рече функционерот.
– Мислам дека тоа е договорот што се нуди – додава тој.
Иницијативата ќе цели кон Африка, Јужна Америка, но и голем дел од Азија се исто така на радарот. Ќе ја видиме ли иницијативата во Македонија, каде исто така се потребни патишта?
– Последиците од руската разорна инвазија на Украина значи дека „дури и места во источна Европа“ би можеле да бидат доведени во јатото – рече претставникот.