Г7: Ќе се бориме со сите средства против коронавирусот
Г7 е составена од седум моќни глобални економии: Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД.
Лидерите на Г7 се согласија да се борат со пандемијата на коронавирусот со сите расположиви средства, да ги координираат мерките за зајакнување на економијата и споделување на здравствени информации за коронавирусот и управувањето со границите.
Г7 е составена од седум моќни глобални економии: Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД.
– Решени сме да ги координираме мерките и да сториме се што е потребно, користејќи ги сите алатки, за да постигнеме силен раст во економиите на Г7 и да се заштитиме од неповолните ризици – стои во соопштението од групата Г7 кое го објави Белата куќа.
САД во моментов претседава со групата од седумте индустриски најразвиени земји во светот.
Членовите на Г7 рекоа дека ќе ги „соберат епидемиолошките и другите податоци“ за поефикасна борба против епидемијата од коронавирусот.
Исто така, ќе ги координираат „посоодветните мерки за управување со границите“ за да се запре ширењето на вирусот.
Министрите за финансии ќе ја координираат работата на централните банка на неделна основа, а министерствата за здравство исто така ќе ги координираат нивните активности.
Главниот економски советник на Трамп, Лери Кудлоу изјави дека лидерите на седумте држави имаа заеднички слоган да направат „што и да е потребно“ за борба против вирусот.
Кудлоу ја пофали подготвеноста на сите членови за соработка.