Футсал: Шкупи ќе игра против украински Продексим Херсон

Според пропозициите, победникот ќе биде одлучен во еден натпревар, кој жрепката одлучи да се игра на теренот на украинскиот првак во термин меѓу 12 и 17 јануари следната година.

220

Македонскиот шампион во футсал Шкупи ќе игра против украински Продексим Херсон во шеснаесетфиналето во лигата на шампиони, одлучи денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.

Според пропозициите, победникот ќе биде одлучен во еден натпревар, кој жрепката одлучи да се игра на теренот на украинскиот првак во термин меѓу 12 и 17 јануари следната година.






Екипата на Шкупи во прелиминарната рунда во елитното клупско натпреварување го совлада шампионот на Ирска, Блу Меџик Даблин, со 2-0 во Скопје.

Поврзани содржини