ФУСТАНОТ НА ВИКТОРИЈА БЕКАМ ЈА ЗАСЕНИ ВЕНЧАНИЦАТА НА СНААТА Ненадминлива елеганција! (ФОТО)
Се ожени синот на Бекам, а гестот од венчавката ги воодушеви присутните.
Бруклин Бекам (23), синот на Дејвид и Викторија Бекам, завчера се ожени со американската актерка и богаташка Никола Пелц (27). Раскошната венчавка се одржа на величествениот имот на семејството Пелц во Палм Бич, кој се простира на повеќе од 4.000 метри квадратни.
Ексклузивни фотографии од венчавката ќе да се појават во следното издание на магазинот „Вог“, па досега можевме само да видиме што направиле најупорните папараци. Познато е дека на венчавката присуствувале тенисерката Серена Вилијамс и актерката Ева Лонгорија, како и дека Дејвид и Викторија биле синоним за ненадминлива елеганција!
View this post on Instagram
Додека поранешниот фудбалер избрал класичен црн костум со бела кошула и црна панделка, неговата сопруга изгледала прекрасно во сребрен фустан. Убавата снаа на Бекам блесна во раскошна бела венчаниц на „Валентино“, а велот изработен од најубава ткаенина ѝ дал посебен печат на оваа скапоцена креација.
View this post on Instagram
Сепак, најголемо внимание привлече гестот на Бруклин Бекам, кој според магазинот „Дејли мејл“ ги изненадил присутните. Имено, синот на Викторија и Дејвид наводно на своето име го додал презимето на својата сакана во знак на љубов.
„Бруклин ја загуби главата поради Никола и ова е огромен знак за неговата посветеност и неговата љубов“, изјави неименуван извор за „Сан“.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм