Функционерите со плата од 14.500 денари, исплата на плата на работниците, помош за спортистите и уметниците, нов економски пакет
Како што рече премиерот, пакетот мерки се сонесени со широка дебата со деловната зедница експерти, академици и угледни стопанственици.
Исплата на нето плати од 14.500 денари за работниците во погодените сектори од приватниот сектор, покривање на придонеси исто така за приватниот сектор, помош на спортисти и самостојни уметници, одлагање на кириите за социјалните станови, одлагање на отплата на кредитите, нови бескаматни кредити. Плата од 14.500 денари на избраните функционери, недобивање придонес за членство во управни и надзорни одбори, а за администрацијата цела плата, се дел од вториот пакет економски мерки на Владата кои ги презентира денеска премиерот Оливер Спасовски.
Како што рече премиерот, пакетот мерки се донесени по широка дебата со деловната зедница експерти, академици и угледни стопанственици, а пакетот ќе чини 200 милиони евра.
– Се предвидува финансика подршка за фирмите погодени од кризата. Предмет е исплата на нато плати на работниците за април и мај во износ од 14. 500 денари по работник. Се поддржува ликвидноста на фирмите и заштитуваат работниците. Ќе биде отворена владина програма за заштита на работодавачите. Тие самостојно ќе ја исплатат платата преку УЈП. За да добијат поддршка од владата работодавачите ќе треба да исполнат одредени критериуми. Да не исплаќаат дивиденда, бонуси да имааат до 30 проценти намалување на работата, просекот на плата на 10 отсто од вработените да не надминува 120.000 денари месечно по вработен. Не се однесува за вработените кои примиле повисока плата од 39.000 денари во ноември и декември. Да го задржат истиот број на вработени – рече Спасовски.
Парите како што рече Спасовски, нема да ги враќаат фирмира кои се во загуба, а другите согласно уредбата која ќе се донесе ќе вратат 50 отсто од добиеното.
Оваа мерка ги опфаќа и медиумите, а за занаетчиите ќе се донесе дополнителна уредба.
Со новиот пакет економски мерки ќе се субвенционира и 50 отсто на придонесите на платите на работниците за бизнисите кои ќе го побараат тоа.
Една од мерките е помош на спортистите во иснос на плата од 14.500 денари за април и мај и за 141 самостоен уметник за април и мај.
Владата обезбеди и месечна плата, паричен надоместок за граѓаните без работа во период од шест месеци. 50 отсто од просечната месечна нето плата на работникот за работниците кои останале без работа, преку Агенција за вработување.
Со ноавиот пакет економски мерки 14.500 денари ќе изнесува платата на сите избрани функционери на локално и централно ниво, освен во здравството, додека членовите на Управни и надзорните одбори нема да земаат надоместок додека трае кризата, освен оние кои се невработени.
Спасовски рече дека платите на јавната администрација не се намалуваат.
Владата обезбедува и 7.000 денари надомест за луѓето кои останеле без работа и социјални случаи за април и мај. Оваа мерка ќе опфати вкупно 50.000 граѓани. Од нив 20.000 се нови вакви случаи.
Извршувањето до крајот на јуни се запира, па извршителите треба да го усогласат своето работење со ова.
Ќе се одложат отплатите и намалување на каматите на кредитите кај банките, финансиските друштва и лизинг компаниите. Се намалува затезната камата.
Развојната банка ќе пушти уште 8 милиони евра бескаматни кредити за компаниите со отплата од три години.
Обезбедена е кредитна линија од 50 милиони евра преку Развојната банка. Кредитите ќе се пласираат преку комерцијалните банки со ниска каматна стапка.
Се одлага плаќањето на закуп за социјалните станови.
Владата одлучи и задолжително да се искористат ланските одмори или остатокот од одморот до 31 мај годинава.
Спасовски најави и дека ќе се формира солидарен фонд наречен Ковид- 19 за донирање.
Владата одлучила и да ги намали авторските хонорари на ангажираните граѓани во институциите за 50 отсто, освен за оние кои се невработени.
Донесени се и низа други мерки.