Владата и Министерството за здравство започнуваат кампања за носење маски со цел поддршка на Законот и подигнување на свеста на граѓаните од важноста на почитување на мерките и препораките на Комисијата за заразни болести за заштита од корона вирусот.
Кампањата, која ќе оди со слоганот #НосамМаска, е поддржана и ќе биде промовирана од сите функционери, членови и поддржувачи.
„Целта ни е да се подигне свесноста за тоа колку е важна заштитата од коронавирусот. Носењето на заштитни маски на отворен и во затворен простор е општо прифатена мерка за заштита во цела Европа. Тоа е засега наједноставен и најсигурен начин да се спротивставиме на пандемијата“, соопштуваат од Министерството за здравство.
#НосамМаска е одговорност, велат од Министерството, која треба да ја прифатиме, почитуваме, споделиме и применуваме.