Функционери на СДСМ признаваат дека задушиле штрајк во образованието (АУДИО)
Се претпоставува дека аудио снимката е од партиска дебата на последниот конгрес на СДСМ затоа што претходно оттаму излегоа и други аудио снимки.
На профилот „Реформи во СДСМ“ на социјалната мрежа „Твитер“ е објавено аудио на кое може да се слушне признание на функционер на партијата, како бил задушуван штрајкот во образованието поради новите реформи кои ги предложи министерката Мила Царовска.
– Имаме сектор кој ги следи, нивните коментари, ги следат и нашите коментари нон-стоп на социјалните мрежи и аплициравме и на културен начин објаснуваме. Еве последниот пат, последната случка ни беше за новиот пакет во образованието кој го предлага министерката. Тука се соочивме со проблем и го задушивме штрајкот што го огранизираа – објаснува Митко Караиванов од ОО Босилово.
Се претпоставува дека аудио снимката е од партиска дебата на последниот конгрес на СДСМ затоа што претходно оттаму излегоа и други аудио снимки.