Љупчо Николовски Фуфо во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 вечерва раскажа за своето минато поврзано со лихварството и коцката.
На прашање за тоа колкави се каматите кои лихварите ги наплаќаат за своите услуги, Николовски вели дека се 10 отсто дневно, односно доколку денеска земете 10 илјади евра, утре ќе треба да вратите 11 илјади евра, но доколку закасниш за месец дена ќе станат 30 илјади евра.
– Нема коцкар што може веднаш да плати. Да, во почетокот сум бил во ситуација веднаш да платам, но како сум паѓал се потешко сум враќал. Тогаш почнува тортурата која ретко кој може да ја издржи. Во коцката губиш пари свои, туѓи пари, па губиш образ, доверба, а на крај го губиш најважното – семејството – вели Николовски.