ФУЕГО НАВИСТИНА Е ОГНЕН! Лава изби од 3.763 метри надморска височина, пепелта го затвори аеродромот (ВИДЕО)

Пепелта стигнала до пистата на Меѓународниот аеродром во Гватемала сити, па тој морал да биде затворен цели три часа, соопштија воздухопловните власти.

124

Ерупција на вулканот Фуего или во превод Огнен во Гватемала вчера предизвика неколкучасовно затворање на главниот аеродром во земјата, соопштија локалните власти. Фуего е висок 3.763 метри и се наоѓа на 35 километри од главниот град на Гватемала. Ерупцијата почна во саботата навечер. Неговото сликовито и живописно еруптирање беше фатено на повеќе снимки. Пепелта стигнала до пистата на Меѓународниот аеродром во Гватемала сити, па тој морал да биде затворен цели три часа, соопштија воздухопловните власти.

 






 

 

 

 

 

Поврзани содржини