ФУДБАЛСКИ СУДИЈА ДОБИЛ ЌОТЕК Судел натпревар во Горно Оризари, битолско
Судијата пријавил дека бил нападнат од службено лице од едната екипа.
Д.Л.(35) од Битола вчера попладне пријавил во СВР Битола дека на фудбалско игралиште во село Горно Оризари, битолско, каде што бил судија на фудбалски натпревар, физички бил нападнат од службено лице од една од екипите.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информира СВР Битола.