ФУДБАЛСКАТА ЛЕГЕНДА ПРИСТИГНА ВО ПАРИЗ Меси еуфорично беше пречекан од илјадници навивачи на ПСЖ ВИДЕО

932

Само два дена по емотивното збогување од Барселона во која мина 21 година, Лионел Меси денеска пристигна во Париз за да потпише двегодишен договор со ПСЖ.

Попладнево тој ги поздрави илјадниците фанови на ПСЖ кои еуфорично го пречекаа на аеродромот во Париз.

ПСЖ закажа прес-конференција за утре во 11 часот во клупските простории на „Паркот на принцовите“ за официјалната промоција.

Меси за Каталонците одигра 778 натпревари и постигна 672 голови. Освои вкупно 35 трофеи со клубот од кои десет титули во Ла Лига и четири Лига на шампиони. Од индивидуалните признанија освои дури шест „Златни топки“ за најдобар светски фудбалер.

Се очекува попладнево тој формално да ги мине лекарските прегледи и да стави потпис на договорот со новиот клуб ПСЖ, според кој 34-годишниот Аргентинец неофицијално,  годишно ќе добива и до 50 милиони евра.
Се очекува договорот да се случи на Ајфеловата кула, која веќе од ПСЖ ја закупиле за еден ден.

 

Поврзани содржини