ФУДБАЛОТ ЌЕ СТАНЕ УЛТРА ПРЕЦИЗЕН, ФИФА ВОВЕДУВА ПРАВИЛО Нема повеќе дилеми за корнерите?

Притоа, се разгледува и идеја ВАР да се користи и за ситуации со жолти картони. Според предлогот, во случаи кога втор жолт може да значи исклучување, системот би можел да интервенира за да се избегне неправедна санкција.

0

Фудбалскиот свет стои пред мала револуција. ФИФА разгледува проширување на употребата на ВАР-технологијата за Светското првенство во 2026 година, објави „Тајмс“.

Новината би овозможила видео-асистенцијата да се користи и при одлуки за корнери — ситуација што досега беше надвор од нејзините надлежности, јави британскиот весник.






Меѓу идејните промотори се високи претставници на ФИФА кои сметаат дека ваквата промена ќе ја зголеми праведноста и ќе го минимизира бројот на судиски грешки што влијаат на резултатот.

Меѓутоа, оваа одлука не доаѓа сама. Светското првенство во 2026 година, кое ќе се игра во САД, Канада и во Мексико, првпат ќе вклучи 48 репрезентации. Тоа значи повеќе натпревари, повеќе можности за грешки и, како што велат од организацијата, „поголема потреба за технолошка прецизност“.

Притоа, се разгледува и идеја ВАР да се користи и за ситуации со жолти картони. Според предлогот, во случаи кога втор жолт може да значи исклучување, системот би можел да интервенира за да се избегне неправедна санкција.

Од друга страна, Меѓународниот одбор за фудбалски правила (IFAB) предупредува дека проширувањето на овластувањата на ВАР не смее да го забави темпото на игра. Новите проверки би требало да траат само неколку секунди.

За какви било измени ќе биде потребна согласност од шест од осумте членки на IFAB, што ќе се разгледува на состанокот во март 2026 година.

Според „Тајмс“, ако предлогот биде прифатен, измените ќе стапат токму навреме за почетокот на најголемиот фудбалски спектакл во светот.

Поврзани содржини