ФУДБАЛОТ Е ИЗМИСЛЕН ОД ЃАВОЛОТ Тренерот на Јувентус со тешки маки го призна поразот од Интер

По завршувањето на натпреварот, тренерот на Јувентус рече дека е задоволен од играта на својот тим против најдобриот состав во Италија, но исто така посочи дека фудбалот понекогаш знае да биде толку „ѓаволски“ суров.

595

Италијанскиот шампион Интер го оправда епитетот „шампион“ по вчерашната голема победа во финалето на Суперкупот против тимот на Јувентус, а победничкиот гол што го постигна Чилеанецот Алексис Санчез во 121-та минута од натпреварот буквално ги фрли во очај избраниците на Максимилијано Алегри.

Јувентуус прв поведе, а потоа Лаутаро Мартинез го израмни резултатот со гол постигнат од белата точка. Па, кога се чинеше дека ќе гледаме пенали, сепак, во 121-та минута Санчез ја смести топката во противничката мрежа и му донесе победа на Интер.






По завршувањето на натпреварот, тренерот на Јувентус рече дека е задоволен од играта на својот тим против најдобриот состав во Италија, но исто така посочи дека фудбалот понекогаш знае да биде толку „ѓаволски“ суров.

– Ова беше вистински натпревар, вистинско финале и одличен тест за нас за да видиме до каде сме. За жал, фудбалот понекогаш изгледа како да е игра измислена од ѓаволот. Направивме наивна грешка на пет секунди пред крајот, но игравме против најсилниот тим во Италија во моментов и имавме неколку шанси. Не им дозволивме многу, пораз во завршницата секако многу боли, но сега овој бес треба да го префрлиме во Серија А, Копа Италија и Лигата на шампиони. Мора да ги гледаме и позитивните страни, тимот се подобрува, особено во физичкиот дел и тоа треба да не радува – изјави Алегри.

Поврзани содржини