ФУДБАЛЕРИТЕ ТРЧАА НА ТЕРЕНОТ, ПОЛИЦАЈЦИТЕ АПСЕЛЕ НА ТРИБИНИТЕ Петмина уапсени навивачи поради недолично однесување на спортски натпревар
Како што информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го привеле 34-годишниот Б.М. од Скопје, поради недолично однесување за време на спортски натпревар.
Синоќа се случил инцидент на трибините на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје каде што македонските фудбалски репрезентативци одиграа натпревар против селекцијата на Исланд.
Како што информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го привеле 34-годишниот Б.М. од Скопје, поради недолично однесување за време на спортски натпревар.
„На 14.11.2021 во 20.15 часот на арена ’Тодор Проески‘, полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Б.М.(34) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторен прекршок од Законот за спречување на насилство и недолично однесување на спортски натпревар. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, наведено е во полицискиот билтен.
Два часа претходно, пак, на стадионот биле приведени уште четири лица.
„На 14.11.2021 во периодот од 18.10 до 18.40 часот на арена „Тодор Проески”, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Р.Ј.(41) од с.Батинци, М.А.(49), Г.Ц.(41) и Н.Б.(47) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторен прекршок од Законот за спречување на насилство и недолично однесување на спортски натпревар (палење на пиротехнички средства). По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се вели во полицискиот билтен.