ФУДБАЛЕРИТЕ НА РЕАЛ ЌЕ ПАТУВААТ 6.000 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА ИГРААТ СО КАЈРАТ Жрепката за Лига на шампионите ги изненади фановите
Фудбалерите на шпанскиот Реал Мадрид ќе треба да патуваат повеќе од 6.000 километри до Алмати во Киргистан за да играат кај домаќинот Кајрат, забележал еден твитерџија и објавил слика од тоа колкава всушност е дистанцата на мапа. Друг корисник забележал дека тимот Кајрат исто така ќе треба да патува 6.400 километри до Лисабон во Португалија за да одигра меч со домаќинот Спортин Лисбон.
Компјутерската жрепка за новата сезона на Лигата на шампиони која вечерва се одржа во Монако предизвика разни реакции на интернет. Некои од корисниците забележаа дека, за да се соочат со своите противници, некои од клубовите ќе треба да патуваат растојанија кои се најдолги во историјата на ова клупско натпреварување.
Според новите правила, автоматизираниот софтвер извлече осум противници за секој клуб, со 4 натпревари дома и 4 во гости. Притоа, фудбалерите на шпанскиот Реал Мадрид ќе треба да патуваат повеќе од 6.000 километри до Алмати во Казахстан за да играат кај домаќинот Кајрат, забележал еден твитерџија и објавил слика од тоа колкава всушност е дистанцата на мапа.
Друг корисник забележал дека тимот Кајрат исто така ќе треба да патува 6.400 километри до Лисабон во Португалија за да одигра меч со домаќинот Спортин Лисбон.
Кајрат е еден од четирите тимови дебитанти кои ќе настапат оваа сезона заедно со Унион Сен-Жил, Пафос и Бодо/Глимт.
Kairat Almaty will have to travel 6900km to play Sporting Lisbon.
It is the farthest distance any team has to cover in the history of the Champions League. pic.twitter.com/7p7P1dCMA0
— Total Football (@TotalFootbol) August 28, 2025
Клубовите беа поделени во четири шешири врз основа на нивните индивидуални коефициенти. Освојувачот на титулата во Лигата на шампионите, ПСЖ, беше прв носител во група 1.
Бранителот на титулата ПСЖ ќе игра дома против Баерн, Аталанта, Тотенхем и Њукасл Јунајтед, додека ќе гостува против Барселона, Баер, Спортинг и Атлетик Билбао. Најуспешниот европски клуб, Реал, ќе биде домаќин на Манчестер Сити, Јувентус, Марсеј и Монако, а на гости против Ливерпул, Бенфика, Олимпијакос и Каират.
Лигашкиот дел во Лигата на шампиони почнува на 16 септември, финале е закажано за 30 мај во Будимпешта на Пушкаш Арена.