📷 ФУДБАЛЕРИТЕ НА ГАМБИЈА ЌЕ ЗАГИНЕА ВО АВИОН За малку избегната катастрофа, пилотот спречил трагедија

Недолго по полетувањето на чартерот од Банџул, фудбалерите почнале да се гушат и да чувствуваат главоболки, а неколкумина се онесвестиле од недостаток на кислород.

1,430

Вистинската драма се одвивала во авионот со кој фудбалската репрезентација на Гамбија требало да отпатува на Африканскиот куп на нации во Брегот на Слоновата Коска.

Недолго по полетувањето на чартерот од Банџул, фудбалерите почнале да се гушат и да чувствуваат главоболки.






Како што пренесуваат локалните медиуми, набргу по нивното полетување, пилотот бил принуден да го врати авионот на пистата.

На Фејсбук страницата се огласи и Фудбалскиот сојуз на Гамбија.
„Со жалење ве информираме дека чартер-летот што ги превезуваше „Скорпионите“ на Африканскиот куп на нации, се врати во Банџул поради технички проблеми. Летот траел девет минути кога екипажот сфатил што се случило и побарал да се врати во Банџул“ – стои во известувањето.

Прелиминарните истраги покажала дека имало губење на притисокот и недостиг на кислород во авионот.
„Имаше инцидент за време на летот на Гамбија до AFCON. Неколку играчи се онесвестиле поради недостаток на кислород во авионот. Причината? Големината на авионот. Двајцата репрезентативци сѐ уште се во шок по ова трауматично искуство. Авионот се врати во Гамбија со целата делегација“ – се вели на Твитер профилот на CentreGoals.

Гамбија во Африканскиот куп е во групата Ц со Сенегал, Камерун и Гвинеја.

Поврзани содржини