Фудбалерите на Барселона негативни на корона, се вратија на тренинг

Шпанското првенство е предвидено да продолжи на 14 јуни, а Барселона е прва по 27 одиграни со предност од два бода пред својот голем ривал Реал Мадрид.

195

Фудбалерите на Барселона продолжија со тренинзи во базата на клубот, објави прес-службата на клубот на Твитер.

Исто така на страницата на каталонскиот клуб беше објавена фотографија од напаѓачот и големата ѕвезда на клубот Лионел Меси, кој изведува вежба со топка.

„Се враќаме на работа“, напишано е под фотографијата на Меси.

Претходно во текот на денот, сите играчи ги поминаа тестови за коронавирус и испаднаа дека се негативни.

Шпанското првенство е предвидено да продолжи на 14 јуни, а Барселона е прва по 27 одиграни со предност од два бода пред својот голем ривал Реал Мадрид.

Поврзани содржини