Фудбалери на Манчестер јунајтед навредувани на расна основа 

Манчестер Јунајтед во својата реакција изрази „згрозеност“ и надеж дека „анонимните безумни идиоти“ ќе бидат идентификувани.

294

Навреди на расна основа упатени кон фудбалерите на Манчестер Јунјатед, Антони Марсијал и Аксел Туанзебе, осамнаа на социјалните мрежи по вчерашниот пораз (2:0) на нивниот тим од Шефилд Јунајтед во Премиерлигата.

Марсијал го одигра целиот натпревар, а Туанзебе беше заменет во 83 минута од мечот, по кој и двајцата фудбалери добија мноштво навреди на расна основа на социјалната мрежа „Инстаграм“.






Манчестер Јунајтед во својата реакција изрази „згрозеност“ и надеж дека „анонимните безумни идиоти“ ќе бидат идентификувани.

„Охрабрувачки е што можеме да видиме дека и навивачи на другите екипи го осудуваат овој инцидент на социјалните мрежи. Јунајтед има нулта толеранција кон каков било облик на расизам или дискриминација“, соопшти премиерлигашот од Манчетер.

Поврзани содржини