ФУДБАЛЕР НА МОНЦА ИЗБОДЕН СО НОЖ ВО СУПЕРМАРКЕТ Напаѓачот повредувал луѓе по случаен избор, има мртви

Информациите велат дека пет луѓе биле избодени со нож, а три од нив се во сериозна состојба. Еден човек починал, се смета дека тој бил работник на каса.

256

Италијанските медиуми јавуваат за ужасен настан во супермаркетот „Керфур“ во близина на Милано, избодени со нож се неколку луѓе меѓу кои и фудбалерот на Монца и на Арсенал, Пабло Мари.

Информациите велат дека пет луѓе биле избодени со нож, а три од нив се во сериозна состојба. Еден човек починал, се смета дека тој бил работник на каса.






Еден од повредените луѓе е Пабло Мари, фудбалерот кој од Арсенал игра на позајмица во Монца оваа сезона.

Тој е во болница, засега нема информации каква е неговата состојба.

Напаѓачот бил 46-годишен човек, кој земал нож од маркетот и почнал да боде луѓе по случаен избор.

Тој брзо бил приведен и уапсен. Не се работи за терористички напад.

Супермаркетот бил полн, бидејќи во близина требало да има концерт на Пласибо.

Поврзани содржини