Фудбалер на Хановер се заразил со коронавирусот
Оваа вест ја потврди германскиот клуб и тврди дека тој немал контакти со соиграчите.
Фудбалерот на бундеслигашот Хановер, Тимо Хуберс, е заразен со коронавирус. Оваа вест ја потврди германскиот клуб и тврди дека тој немал контакти со соиграчите.
– Се сомневаме дека Хуберс е заразен на еден настан одржан во саботата. Немал контакти со соиграчите од тој момент, но за секој случај комплетниот тим беше тестиран. Тимо се однесува примерно и не покажува никакви симптоми. Се пријавил сам и заминал во карантин откако слушнал дека со него на настанот била личност која имала коронавирус – соопшти спортскиот директор на клубот.