Фудбалер на Ајакс по две години се разбуди од кома

581

Фудбалерот на Ајакс, Абделхак Нури, се разбуди од кома по повеќе од два години откако колабираше среде терен за време на натпревар на холандскиот гигант.

Талентираниот ас на Ајакс се онесвести за време на пријателскиот меч со Вердер одигран на 8 јули 2017 година, пишува Екипа.






Тој оттогаш беше во кома, а две години, осум месеци и деветнаесет дена подоцна конечно се разбуди.

Тој се здоби со трајни повреди на мозокот, но според последните информации тој може да јаде, но и да коминицира со околината со помош на знаци.

– Се грижиме за него, сите даваме се од себе. Се обидуваме да се адаптираме, што поголем дел од работата да завршиме ние самите како најблиско семејство -, изјави таткото на Апи, Мохамед Нури.

Поврзани содржини