РУСКИТЕ ФЕДЕРАЛЦИ ДОБИЛЕ ЗАДАЧА ДА ГО ЛИКВИДИРААТ ПРИГОЖИН? Украинските служби излегоа со тврдења спротивни на оние на Кремљ

Ова се коси со соопштението на Кремљ според кое Пригожин и останатите припадници на „Вагнер“ нема да бидат гонети.

1,268

Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ) доби задача да го убие шефот на вагнерската група Евгениј Пригожин, соопшти Кирил Буданов, шеф на воената разузнавачка служба на Украина, појавува КиевПост.

Ова се коси со соопштението на Кремљ според кое Пригожин и останатите припадници на „Вагнер“ нема да бидат гонети.






„Евгениј Пригожин ќе се пресели во Белорусија според договорот постигнат со посредство на белорускиот претседател за прекин на денешниот вооружен бунт против руското воено раководство. Шефот на „Вагнер“ и неговите борци нема да бидат кривично гонети“, соопшти Кремљ по бунтот.

Пригожин замина во егзил во Белорусија во вторникот, според договорот со кој заврши кусиот бунт на борците на Вагнер во текот на викендот.

 

Поврзани содржини